Get Adobe Flash player

Eтно Kуќа ШАНЧЕВА

Шанчева куќа, една од најубавите староградски градби во Кратово e првата етнокуќа во Осоговскиот регион. Новиот сопственик Стевче Доневски го реновираше ова архитектонско ремек-дело старо повеќе од 300 години, задржувајќи го оригиналниот градителски стил и изглед на типична кратовска градска куќа по која е познат овој древен град. Целта е гостите да ја почувствуваат домашната атмосфера, со можност сами да си приготват традиционални кратовски јадења. Наше мото е:

QUIET HOSTEL WITH SLOW FOOD

 

Шанчева куќа името го добила по некогашната сопственичка. Неа кратовци ја нарекле Шана, што на кратовски дијалект значи убава, модерна и дотерана жена. Минатите денови куќата ја посетија туроператори од Канада и САД, како претходница на бран туристи од преку океанот.

Шанчева куќа е во стариот дел од градот, во близина на Среската кула, а со обновата не е променето ништо од препознатливата архитектура и внатрешно уредување. Само е валоризирана нејзината автентичност, за да можат туристите да го почувствуваат духот на некогашниот кратовски градски живот. Тоа нема да биде типичен туристичко-сместувачки капацитет со посебни стандарди, туку објект каде што ќе се чувствува домашната атмосфера, како да сте на гости во нечиј дом. Со стари предмети и експонати се уредени сите простории, а има и вински подрум каде што, освен кратовска ракија и вино, има и многу артефакти од богатото кратовско наследство. Целта е покрај престојот, гостите сами да приготвуваат и македонски традиционални јадења, од кои, всушност, е составено и секојдневното мени.

Додека се уште не беше целосно обновена, во неа веќе престојувале првите странски туристи, кои се одушевени од долговековната кратовска историја, средновековните кули и мостови, како и староградската архитектура. Сопственикот објаснува дека дел од нив сами правеле слатко од смокви и грозје, пинџур, лутеница, к’цана сол... Меѓу нив и Рејчел и Брајан Вилијамс од Англија, кои му напишале дека засекогаш ќе го запаметат прекрасниот престој и ручек во Kратово, како еден од најубавите моменти од нивното патување и дека нашата земја ќе им ја препорачаат и на своите пријатели.

Видео http://youtu.be/_Zj0S5Vttrk

 

 

 

       

Design by Top3D
Copyright © 2011. All Rights Reserved.